Македонската ракометна репрезентација се подготвува за последните два квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници ќе и гостуваат на Естонија, а на последната најважба средба ќе ги одмерат силите со Литванија на домашен терен, меч кој мора да го добијат доколку сакаат да заверат билет за ново големо натпреварување.
Во составот од Мундијалот ќе ги нема Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, а под знак прашалник е Марко Стојковиќ.
И покрај тоа што се соочуваат со проблеми, сепак оние кои се повикани, веруваат во пласман на ЕП.
„Првиот меч ни е со Естонија каде мора да победиме, па на домашен терен ни следи Литванија, меч кој ќе биде доста незгоден. Но, се надевам дека со помош на публиката ќе се избориме за позитивен резултат. Имаме голем хендикеп затоа што многу играчи ни фалат на овој собир, но знам дека селекторот ќе подготви тактика и ќе ги извади нашите силни страни да дојдат до израз“, изјави Мартин Серафимов.
Македонија првата средба ја игра на 8. мај во Талин, додека дуелот со Литванија се игра три дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“, билетите за оваа средба веќе се пуштени во продажба.










