Од денеска и официјално се знаат термините, поточно сатниците на двата меча од големото финале во ЕХФ Европскиот Куп меѓу нашиот претставник Алкакоид и грчкиот АЕК.
Познато е дека ова е првото европско финале за Алкалоид, па сите сакаме четата на Кире Лазаров да дојде и до првиот европски трофеј.
Првиот дуел од финалниот двомеч се игра на 18 мај во Атина со почеток од 18 часот. Додека реваншот е закажан за 25 мај во Скопје и тоа во салата “Борис Трајковски“ од 20.30 часот.
Познато е дека досега своите натпревари во Европа тимот на Алкалоид ги играше во салата во Автокоманда, но сега реваншот од ова финале ќе го игра во “Борис Трајковски“.