Инзаги: Не знам како да го запреме Јамал, најдобро e топката да не стигне до него

290

Во очекување на утрешниот дуел со Барселона, тренерот на Интер, Симоне Инзаги го пофали настапот на Роберт Левандовски, а не штедеше комплименти и за неверојатниот Ламин Јамал.

„Речиси е невозможно да го запреме. Мора да се обидеме да се осигураме дека топката воопшто нема да стигне до него, но во модерниот фудбал тоа е исклучително тешко. Ќе примениме двојно затворање и ќе го фокусираме максималното внимание на него. Тој е огромен талент. Тимот му верува во најтешките моменти. Она што е навистина импресивно е брзината на неговото размислување: штом ја добие топката, тој веќе знае што ќе прави“, вели Инзаги.

За враќањето на Левандовски во составот на Барселона, Инзаги дополни:

„Добро го познаваме. Тој е еден од трите или четирите најдобри напаѓачи во светот. Феран Торес играше во првиот натпревар и одигра одличен натпревар. Генерално, кога тимот излегуваше без него, тие сепак ги уништуваа противниците. Да, тој е врвен напаѓач, но генерално зборуваме за врвен тим“, вели тренерот на „миланезите“.

ПретходноАнчелоти се согласи да си оди од Реал, првиот меч на клупата на Бразил ќе го има во јуни?
СледноРафиња: Малку недостигаше да заиграм за репрезентацијата на Италија!