Штип УГД не успеа да избори „мајсторка“: Струмица го одбрани шампионскиот трон!

253

По 12. пат, одбојкарите на Струмица се шампиони на Македонија во одбојка. Во четвртиот натпревар од финалната серија, бранителот на титулата повторно беше подобар од предизвикувачот Штип УГД и успеа да ја одбрани титулата која е во нивните витрини веќе седум години едноподруго.

ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАР:

СТРУМИЦА – ШТИП УГД  3:1 (25:21, 25:19, 16:25, 25:23)   /   3-1

Во четвртиот финален меч од плеј-оф серијата Струмица пред свои навивачи го совлада тимот на Штип УГД со 3:1 и со вкупни 3-1 во партии успеа да дојде до нов шампионски наслов. Струмица одлично го почна и денешниот меч, изгледаше поконцентрирано на теренот и со помалку технички грешки го преши првиот сет со 25:21.

Во вториот сет гостите се уште ја бараа својата игра, а Струмица тоа го искористи и успеа да дојде до 25:19 за предност од 2:0. Конечно во третиот сет видовме шампионска игра кај гостите. Доминираа во текот на целиот сет и на крајот убедливо дојдоа до 16:25 за 2:1 во сетови.

Комплетна одбојкарска драма видовме во четвртиот сет. Струмица почна силно, направи фантастична предност од 7 поени за 20:13, а потоа следуваше неверојатно враќање на Штип за 21:22, предност која најави дека можеби ќе гледаме и петти сет, но тоа не се случи. Струмица го преживеа овој сет и во втората сет-меч-топка, Кинтеро успеа да го освои 25. поен за домашните за конечни 25:23 и победа од 3:1.

Струмица првата титула ја освои во 1993 година, а шампионскиот пехар го креваше и во 2012, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022, 2023 и 2024 година. Штип УГД ќе се обиде и следната година да го нападне шампионскиот трон, затоа што и оваа година покажа дека е рамноправен ривал на струмичкиот состав.

ПретходноФудбалерите на Рајо денеска не тренираа, крадци им ја украле цела тренинг опрема!
СледноРаритет во Словенија: 10 години по ред никој не успеал да одбрани титула!