Не може да се помири со елиминацијата: Арсенал беше најдобриот тим во ЛШ оваа сезона!

247

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, очигледно не можеше да се помири со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шпанецот верува дека Арсенал е најдобриот тим во Лигата на шампионите оваа сезона и заслужи да игра финале.

„Не мислам дека има подобар тим од Арсенал во оваа Лига на шампиони. Заслуживме многу повеќе во двата натпревари. Но, овој турнир е полн со казнени зони. Тие обично сместуваат напаѓачи и голмани. Нивниот голман беше најдобар и во првиот и во вториот натпревар. Арсенал е подобриот тим кој загуби вечерва. Ова го велам јас, но тоа го кажува и анализата. Ме прави горд, но во исто време сум вознемирен и изнервиран“, изјави главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од ПСЖ и елиминацијата во полуфиналето.

ПретходноОклахома го демолираше Денвер, Њујорк и вторпат го шокираше Бостон на гости (ВИДЕО)
СледноПСЖ во првата сезона без Мбапе стигна до финалето на кое чекаше пет години