Донарума за ПСЖ без Мбапе: Сега станавме вистински тим!

476

Јунакот на ПСЖ на двата полуфинални меча со Арсенал, голманот Џанлуиџи Донарума одговори на тоа како ПСЖ се промени по заминувањето на Килијан Мбапе.Тимот на тренерот Луис Енрике оваа сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, а многумина сметаа дека заминувањето на Мбапе ќе биде голем удар за амбициите на парижани.

„Духот на тимот се промени. Станавме повеќе тим. Тука сме еден и играме еден за друг. Секако дека ни недостига Килијан – тој е еден од најдобрите во светот. Му посакувам се најдобро бидејќи е одличен пријател. Тимот сега е многу близок, добро соработуваме. На пример, така го освоивме Европското првенство со италијанската репрезентација.„Тоа е клучно за секој тим“, изјави голманот на ПСЖ, Донарума по мечот со Арсенал синоќа во кој имаше уште неколку неверојатни одбрани.

ПретходноРистоски го освои Федерејшн Купот во Саудиска Арабија и се подготвува за шампионско славје
СледноИџе викендов во Брага ќе вози на Рампа да Фалпера