Во Барса не можат да ја прежалат елиминацијата: Судијата почна да се заканува уште во третата минута!

347

Првите луѓе на Барселона не можат да го преболат поразот од Интер и елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампионите. Советникот на Лапорта, Енрик Масип, зборуваше за шпанските медиуми за натпреварот со Интер истакнувајќи дека судијата Шимон Марчињак судел тенденциозно и на штета на Каталонците.

„Веќе во третата минута, по еден тврд старт направен врз Јамал, судијата многу нагло се приближи до нашата клупа и му рече на Флик да се тргне настрана, а потоа почна да се заканува. Гледајќи што се случи со тој судија во Милано и кој беше задолжен за ВАР, разбирам дека понекогаш случајностите не се случајни. Лесно е судиите да бидат под влијание, но кога станува збор за критериуми, тие мора да бидат исти за сите“, рече Масип.

ПретходноАморим: Ќе направиме се Бруно да остане со нас
СледноЛуис Енрике: Беше тешко, но успеавме