Доколку Јунајтед и Бетис освојат трофеји, Антони ќе испише историја

431

Неверојатна сезона има бразилецот Антони. Од отпадок кој на Олд Трафорд беше тема на подсмев и немаше воопшто минутажа до играч кој со тимот на Бетис испишува историја пролетва.

Тој е едно од најголемите засилувања за Манчестер Јунајтед перидоов, но на Олд Трафорд не се снајде најдобро. Позајмицата во Бетис беше едно од решенијата, а се покажа како полн погодок. Напаѓачот игра како никогаш досега, постигна десетина голови пролетва, и го однесе Бетис до финалето во Лига на Конференции. Со синоќешниот перформанс против Фиорентина на гости во реваншот од полуфиналето, погодокот, и се останато Антони навистина заслужи огромен респект.

И не само тоа. Доколку тој со Бетис ја освои титулата во ЛК, а во финалето се среќава со Челзи, а во ЛЕ тимот на Манчестер Јунајтед го совлада Тотенхем и го подигне трофејот, Антони ќе биде првиот играч кој во една сезона освоил два трофеја со две различни екипи во две натпреварувања. Неверојатно. Секако статусот во Јунајтед допрва треба да му биде решаван, дали клубот ќе побара тој да се врати на Олд Трафорд на лето, или ќе се продолжува позајмицата, но факт е дека Антони сега е сосема нов играч во споредба со есеноска.

ПретходноПостекоглу: Возбудени сме што сме во финалето
СледноМарка: Чаби Алонсо е новиот тренер на Реал Мадрид!