Во насока да се намалат контроверзнит ситуации, генералниот секретар на УЕФА Џорџо Маркети, најави дека во корелација со ФИФА но и со Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), најави евентуално промени во правилото за офсајд.
Замислата е недозволените ситуации, кои се до три сантиметри или помалку, кои често предизвикуваат лавина од реакции, да бидат елиминирани, односно да не се судат.
Новиот предлог предвидува дека офсајд ќе се разгледува само ако напаѓачкиот играч го престигне последниот противнички дефанзивец со целото тело, а не само со дел од него. Оваа идеја за промена претходно ја предложи поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој инсистираше дека сегашното правило за офсајд е премногу рестриктивно и честопати води до апсурдни ситуации. Сега, сепак, овој предлог мора да биде одобрен и доколку тоа се случи, мора да се одлучи кога ќе почне да се спроведува.