Во домашното пингпонгарско првенство веќе се познати и двојките за плеј-оф натпреварите. Прилепската Младост 96 е на врвот на табелата и ќе игра против Астраион од Струмица за влез во финалето од плеј оф. Второпласираната Крива Паланка ќе се сретне со Телеком Нец 2 во вториот полуфинален натпревар.
Во Првата лига шампион е скопската екипа 10 60 АС Ѓорче Петров и обезбедува директен пласман во Супер лига заедно со Крива Паланка 2007, која по само една година во понискиот ранг се враќа на врвот.
Шанса за влез во најсилната македонска лига ќе имаат Куманово и Рисови кои ќе се сретнат со Радовиш и Вардар, соодветно.