Ристовски ќе суди на два меча од Сребрената лига, еден и на Македонија

45

Македонскиот одбојкарски судија Влатко Ристовски е делегиран да суди на два натпревари од женското издание на Европската Сребрена лига.

Според потврдата од Европската одбојкарска конфедерација, Ристовски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Швајцарија и Луксембург закажан на 31 мај во салата „Парк“ во Струмица, а ден подоцна ќе се појави како втор судија на пресметката меѓу Македонија и Швајцарија.

Нашите одбојкарки од Струмица ги почнуваат годинешните настапи во Сребрената лига во обид да направат нов исчекор на меѓународната сцена.

ПретходноШахтјор ја одби првата понуда „тешка“ 35 милиони евра од Наполи за Судаков
СледноЗавршниот турнир во М14 лигата ќе се игра во СРЦ „Кале“