Македонските ракометари денеска ќе ги добијат противниците за Европското првенство 2026!

268

Македонската ракометна репрезентација ја продолжи традицијата на учества на големи натпреварувања, го завери своето деветто Европско првенство, осмо по ред.  Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци се пласираа на континенталното натпреврување кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска од 15 јануари до 1 февруари следната година.

Македонија повторно е на списокот на 24 селекции кои го завериле својот билет за Европското првенство 2024 година, а противниците ќе ги дознае вечерва. Пред ждрепката која ќе се одржи во Хернинг (Данска) со почеток во 19 часот, нашата репрезентација се најде во третиот шешир. Ова значи дека Македонија нема да игра против Австија, Холандија, Ц.Гора, Чешка и Полска.

1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

2 Шешир: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови

3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија

4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија

Групната фаза ќе се одигра во четири градови: Данска (Хернинг, Групи А и Б), Норвешка (Берум, Групи Ц и Д) и Шведска (Малме и Кристијанштад, Групи Е и Ф). Главната рунда ќе се одржи во Хернинг и Малме, при што првиот ќе го организира последниот викенд.

Данска е веќе во групата Б, Норвешка е во групата Ц, Шведска е во групата Е, додека Исланд се наоѓа во групата Ф.

ПретходноДобри вести: Фудбалерот на Нотингем Форест се разбуди од кома
СледноЧави Алонсо му поставил услов на Модриќ