Денеска е фудбалски празник во Англија. Денеска во 17:30 часот на култниот “Вембли“ се игра финалето во ФА Купот. Тоа е најстарото фудвалско натпреварување не само на Островот туку веројатно и во светот.
Силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Кристал Палас.
Јасно е кој е фаворит, јасно е кој е во предност. Ова е шанса за Пеп Гвардиола и неговиот Сити барем со еден трофеј колку толку ја спасат оваа очајна сезона за нив.
Инаку Пеп на последната прес – конференција во пресрет на денешното финале повторно имаше замерки за распоредот. Имено неговиот тим веќе во вторник се среќава со Борнмут во решавачки дуел за пласман во Лигата на Шампионите:
“Говорам, апелирам, како клуб се бориме веќе девет години со овој проблем, но се е бадијала. Ништо не се менува. Во сабота играме финале а веќе во вторник играме меч од Премиерлигата со Борнмут. Играме против една од физички најспремните екипи во Лигата, тоа е екипа која се бори за пласман во ЛЕ или ЛК“ се пожали Пеп Гвардиола во нему својствен стил.
ФОТО: ФЦ Манчестер Сити/ФБ