Пеп испишува анти-рекорди, но се уште има шанса за трофеј оваа сезона

391
фото: Manchester City (X)

По денешниот пораз од Кристал Палас во финалето на ФА Купот, Манчестер сити се уште има уште една шанса за да ја спаси ужасната сезона. Имено, „граѓаните“ останаа без ниту една титула во тековната календарска година, но тоа може да се промени во јули.

Имено, Манчестер Сити сè уште може да го освои Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Држави од 15 јуни до 13 јули. Тоа во моментов е единствениот спас за Пеп Гвардиола, кој оваа сезона ќе сака што побргу да ја заборави.

Тој денеска го урна својот личен антирекорд по број на порази во една сезона. Со денешниот пораз од Кристал Палас, Пеп стигна до својот 16-ти загубен натпревар оваа сезона. Ова е неговиот најлош резултат во целата негова тренерска кариера.

ПретходноСпортинг ја одбрани шампионската титула во Португалија (ФОТО)
СледноЛиверпул ја активираше откупната клаузула за Фримпонг, се чекаат прегледите