„Арне Слот е добар човек, одличен тренер, ама е грд“!

232

И дефинитивно Арне Слот ја одбележа оваа сезона на заминување во Премиерлигата. И не само поради тоа што неговиот Ливерпул дојде до 20-тата титула во својата клупска историја, туку пред се поради фактот дека ова за Холанѓанецот беше деби сезона како тренер во најсилната лига во светот.

Секако дека само пофалби за него, а неговиот сонародник и исто така тренер, Роберт Маскант имаше што да каже за Слот:

Тоа никогаш не се случило како Холанѓанец уште во својата деби сезона да ја освоиш Премиерлигата. За тоа како беше фотографиран на Ибица, тоа е Арне. Мирен, сталожен, е сега околу него имаше четири прекрасни дами, ама тоа е забава. Инаку Арне е добар човек, одличен тренер, ама е грд“ изјави Маскант некогашен тренер на Хелмонд Спорт.

ФОТО:ФЦ Ливерпул/Х

ПретходноБојан Маркоски го наследува Станиќ на клупата на Работнички
СледноЕвертон го испрати својот Гудисон парк во историјата со победа