По киксот на Ајакс минатото коло, стана јасно дека тимот на ПСВ Ајндховен има златна шанса да ја одбрани титулата во домашниот шампионат, што денеска тоа и се случи.
ПСВ обезбеди победа против тимот на Спарта со 1:3 на гостински терен, и ги освои потребните три бода, додека победата на Ајакс над Твенте на негов терен од 2:0 остана само за сопствена сатисфакција.
ПСВ заврши со 79. бода, додека пак Ајакс има бод помалку на втората позиција.
И двата тима обезбедија пласман во Лигат на Шампионите.
ФОТО PSV Facebook