Макс Верстапен е победник на денешната трка за големата награда на Емилија Ромања, на легендарната патека Имола.
Холанѓанецот денеска извозе одлична трка и успеа да стгине прв пред двојката возачи од Мекларен. Со тоа четирикратниот Формула 1 возач ја впиша 65. победа во најдобриот автомото шампионат на светот.
Верспатен уште на првата кривина успеа да надополни она што го пропушти во квалификациите, и потоа не дозволи никој да му засмета кон конечната победа.
На втората позиција се пласираше Ландо Норис, додека пак трет заврши Оркар Пјастри.
ФОТО Formula 1 Facebook