Мицов и Хусеиновиќ не ги минаа квалификациите на Македонија Опен

32

Македонските тенисери ги завршија настапите во квалификациите на силниот челинџер турнир во Скопје, Македонија Опен, откако вчера во дуелите од првата квалификациска рунда и Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ беа поразени.

Мицов за 1 час и 36 минути го загуби мечот со Жерар Кампана Ли од Кореја со 2-0 во сетови (6:4, 6:4). Најмладиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ исто така беше поразен во два сета со 6:2, 6:3 во дуелот со Нермин Фатиќ.

Од македонските тенисери на главниот турнир настап во вторник ќе има Калин Ивановски, а македонски претставници ќе имаме и во конкуренција на двојки. Турнирот официјално почнува во вторник со мечевите од 1. коло.

ПретходноПретседателката на државата со честитки до Алкалоид: Триумфално влеговте низ портата на победата, излезете низ неа со пехар!
СледноИмаше ли Денвер тим за титула: Јокиќ вели НЕ, Мареј – ДА