Кој ќе биде нов НБА шампион? Оклахома прв фаворит, Индијана има најмалку шанси

135

Откако од синоќа ги имаме сите четири екипи учесници на конференциските финалиња во НБА плеј-офот, прогнозите за новиот кошаркарски првак во најсилното кошаркарско натпреварување земаат замав.

Оклахома Сити Тандер кои синоќа го елиминираа Денвер во „мајсторката“ се еден од најмладите фаворити да ја освојат својата прва шампионска титула во НБА. Предводени од кандидатот за МВП, Шеј Гилџес-Александер, Тандер се гордеат со вториот најдобар нето рејтинг во историјата на НБА. Нивната елитна зонска одбрана, длабочината и несебичната игра ги прават импозантна сила пред дуелите со Минесота. Сепак, нивната младост и недостатокот на искуство во финалето би можеле да бидат ставени на тест, особено по исцрпувачката серија од седум натпревари против Денвер Нагетс. Соочени со Ентони Едвардс и Минесота Тимбервулвс во финалето на Западната конференција, Оклахома Сити мора да ги зајакне своите скокови за да ја одржи својата предност. Тимбервулвс, со се исто така во игра за шампионскиот прстенминувајќи ги Њујорк Никс на листата на фаворити на букмејкерите.

Њујорк годинава ги надминаа очекувањата со елиминирањето на бранителот на титулата Бостон Селтикс во изненадувачка серијата од 4-2. Лидерството на Џејлен Брансон и неговата игра во клучната фаза на натпреварите, во комбинација со Микал Бриџис и Ануноби, го трансформираа Њујорк во дефанзивна сила. Нивниот неверојатен настап до финалето на Источната конференција – прво од 2000 година – ги натера навивачите да сонуваат за титула каква што не е видена од 1973 година.

Индијана Пејсерс се изненадувачки кандидат за титулата откако ги победија најдобрите од регуларниот дел од сезоната Кливленд Кавалирс во пет натпревари. Играта на Тајрис Халибартон и моќниот напад на тимот ги прават закана за секој противник, но нивните дефанзивни недостатоци би можеле да бидат клучни и на пресметките со Њујорк. Според букмејкерите, Индијана има најмалку шанси да го подигне победничкиот пехар.

Претходно„Македонија Опен“ е микс од млади и искусни тенисери
СледноДодека го играше последниот домашен меч за Лион, крадци му го ограбиле домот