Стојчевски на центарот, Новак Симoвиќ во ВАР собата

539

В среда е закажано најновото издание на финалето на Купот на Македонија во кое на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот ќе се сретнат екипите на Вардар и Струга Трим Лум.

Се е подготвено за последниот меч од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, ако се исклучи секако баражот за осптанок.

Двете екипи се во исчекување на стартот на мечот, а во меѓувреме познати се и арбитрите кои ќе го судат овој меч.

На центарот ќе биде нашиот искусен интернационален судија, Игор Стојчевски. Нему му е доделена честа да го води овој дуел. Што се однесува пак до помошниците нему ќе му асистираат Дарко Јовчевски и Мартин Петковски. Четврти судија ќе биде Јован Качевски.

ВАР ќе биде активиран за финалниот дуел

Како што е веќе познато, ВАР технологијата ќе биде активирана за овој дуел. Во контролата соба ќе се наоѓаат Новак Симовиќ, интернационален судија од Србија, кој што има искуство од Лигата на Шампионите, како и Урош Стојковиќ.

 

ПретходноФлик: Следната година одговорноста ќе биде уште поголема
СледноМакедонија до 18 ќе одигра два контролни натпревари со Словенија