ТФТ со селфи и метла го прослави пласманот во финале

230

Екипата на ТФТ е вториот патник во финалето на кошаркарскиот плеј-оф, таму за пехарот ќе се бори против бранителот МЗТ Скопје. До финалето ТФТ дојде со максимални 3-0 во пресметките со Работнички. По последната победа на третиот меч, кошаркарите на тимот од Тафталиџе направија селфи, а историскиот пласман го овековечија со посебен додаток. На фотографијата направена во соблекувалната стои и метла, потенцирајќи дека противникот е исчистен без грешка. Инаку финалето со МЗТ Скопје, односно финалната серија  ќе стартува во четврток во 19:30 часот а домаќин е актуелниот шампион и тоа во првите два меча. 

ПретходноЃуровски и Најдоски членови на собранието на ФК Црвена Звезда
СледноЗарем е можно и на Сити некој да му е прескап? Пеп се откажа од ангажман на Вирц!