„Марка“: Реал го купува Нико Вилијамс за 58 милиони евра!

475

Шпанска „Марка“ синоќа околу полноќ објави „бомбастична вест“ дека Реал (М) ќе се засили со шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс. Иако неодамна се шпекулираше дека Реал ќе го доведе Анте Будимир од Осасуна како нов напаѓач, сепак откако Барса најави дека сега веќе не е заинтересирана за голгетерот на Атлетик (Б), „кралскиот клуб“ веднаш реагираше и успеа да го договори трансферот.

Младиот 22-годишен крилен напаѓач е роден во Памплона, ​​и поминал низ младинските школи на Памплона, ​​Осасуна и Атлетик Билбао. Тој игра за сениорскиот тим на баскискиот клуб во 2021 година и досега има регистрирано 166 натпревари и 31 гол.

Реал Мадрид ќе ја плати откупната клаузула од 58 милиони евра за Вилијамс.

ПретходноОва се сите досегашни финалиња и победници: Од Вардар па до Тиквеш…
СледноСити ќе постави статуа на Де Брујне пред стадионот