Илчо Ѓорѓиоски не успеа да дојде до пехар во Купот на Македонија со Струга Трим Лум, иако пред финалето најави дека нивната желба е голема, и ќе одиграат на највисоко ниво. Сепак на теренот не изгледаше така, Вардар 1961 доминираше, на крајот славеше со 2-0 и го подигна пехарот во Купот на Македонија.
„Можеше да биде поинаку, честитки за победа на Вардар, ги искористија своите шанси. Ние не ги искористивме своите шанси, вториот гол, кој падна на почетокот на второто полувреме психолошки не откажа од мечот, иако поседот на топката го имавме. Како што кажав не успеавме да искористиме дел од шансите да се вратиме во мечот“.