Флик: Ова е Барса, ние мора да освојуваме трофеи

212
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, после потпишување на новиот договор кој е со важност до 2027 година им вети на навивачите дека следната сезона ќе освојат уште повеќе трофеи.

„Среќен сум бидејќи патувањето продолжува. Чувствувам дека сè уште не сме на крајот од патот, а тимот има огромен потенцијал. Ние сме млад тим кој го заслужи целиот успех оваа сезона и навистина сум горд што работам со овие момци.

Ми се допаѓа што сум во Барселона, што работам во овој неверојатен клуб и, секако, со сите овие играчи. Нашиот однос е одличен. Се подготвуваме за новата сезона и ќе мора да работиме напорно бидејќи сè ќе започне од нула. Исто така, знам во што треба да се подобриме.

Сакам да им кажам на навивачите дека ќе дадеме сè од себе следната сезона. Сакаме да градиме и да освоиме уште повеќе трофеи. Ова е Барса, ние мора да креваме трофеи“, рече Флик.

Поранешниот тренер на Баерн Минхен го презеде каталонскиот тим во 2024 година. Со него на чело, Барселона стана шампион на Ла Лига, на што ги додаде и трофеите од Купот на кралот и шпанскиот Суперкуп.

ПретходноНиту финансиската ситуација не ги менува плановите на Барса за Рафиња
СледноМалите „Лавчиња“ по шампионската и Куп титула