“Марка“: Реал Мадрид во понеделник ќе го промовира Чаби Алонсо!

101

Ерата на Чаби Алонсо како тренер на Реал Мадрид започнува во понеделник. Ова попладнево го пренесе “Марка“, која и тоа како ги знае приликите во таборот на “кралевите“.

Се вели дека Дон Флорентино Перез нема немара веќе да чека кога се е готово, кога се се знае а викендов ќе заврши, со мечевите од 38.коло, ќе заврши сезоната во Ла Лига.

Ова значи дека Чаби Алонсо и дефинитивно ќе го води Реал Мадрид на Светското клупско првенство во САД кое почнува на 14 јуни.

Исто така се пренсува дека промоцијата на својот нов тренер, Реал Мадрид ќе ја изведе во својот спортски центар „Валдебебас“ а не на “Сантијаго Бернабеу“.

ФОТО: ФЦ Леверкузен/ФБ

ПретходноОрјоникидзе успешно опериран! (ФОТО)
СледноБрера е победник во Купот на Македонија во пионерска конкуренција! (ФОТО)