Меморијален турнир „Марко Божиновски 9“: Македонија, Катар и Романија дел од учесниците!

175

Од 13 до 15 јуни ќе се одржи четвриот меморијален турнир во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски – Марче, чиј живот прарано згасна.

Овој пат турнирот ќе биде со репрезентативен карактер и ќе учествуваат ракометари до 17 години. Засега се најавени три репрезентации.

Покрај Македонија, која ќе биде предводена од Горан Кузманоски и ќе се подготвува за Европскиот олимписки фестивал, на меморијалниот турнир „Марко Божиновски 9“ засега се најавени репрезентациите на Катар и Романија. Во следниот период се очекува да биде комплетиран списокот на национални тимови.

Натпреварите ќе се играат на Спортскиот Центар кој го носи токму името на Марче. Фондацијата „Марко Божиновски“ преку овој турнир, но и бројни добри дела, има за цел – ликот на младиот ракометар да живее вечно, бидејќи овој спорт беше неговиот живот и љубов.

По објавувањето на сите учесници ќе бидат познати групите и распоредот на одигрување на натпреварите.

ПретходноБаражи за ВМФЛ: Најинтересно ќе биде во Кавадарци каде Осогово се среќава со Шкендија (А)
СледноМилевски го повика Стефан Деспотовски за мечевите со Белгија и Казахстан