Екипата на Алкалоид часови ја делат од мечот за историја, реванш финалната пресметка против АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот има четири гола предност од првиот дуел, па вечерва (20:30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ има голема шанса да дојде до првиот европски пехар.
Тренерот, Кирил Лазаров нема да менува ништо во однос на составот. Момците кои настапија во Атина ќе му бидат на располагање и вечерва.