Ужас за Нестор и Славен Белупо ноќеска во Ријека! (ФОТО+ВИДЕО)

1370

Попладне во 17 часот се игра последното коло во ХНЛ. Шанси да биде шампион имаат три клуба, Ријеја на Манев, Динамо на Ристовски и Адеми, Хајдук на Трајковски.

Очекувано, не е мирно во пресрет на овие мечеви. Посебно не во Ријека каде ноќеска експедицијата на гостинската екипа Славен Белупо имала ужасна ноќ. Нашиот Илија Несторовски и неговите соиграчи едноставно цела ноќ не можеле да заспијат. Припадниците на навивачката група „Армада“ просто дивееле. Фановите на Ријека прво го демолирале автобусот на гостите од Копривница а потоа со бакљи фрлале по прозорците и терасите од собите во хотелот каде биле сместени Нестор и гостинските навивачи.

ФОТО: НК Славен Белупо/ФБ

No photo description available.

May be an image of text

May be an image of 3 people, Camogli, road, street and text

ПретходноПознат е составот со кој Алкалоид ќе атакува по европска историја!
СледноСерафимов: Нема да биде лесно, но нашата цел е пехарот!