Иако промоцијата е закажана за утре, пред само неколку минути Реал Мадрид и официјално потврди дека има нов тренер и тоа е Чаби Алонсо.
Очекувано ако се знае дека веќе неколку денови наназад, Алонсо веќе го “крои“ тимот за следната сезона.
Значи и официјално од денеска Реал Мадрид има нов тренер, Чаби Алонсо.
За сите детали околу договорот и се останато веројатно ќе стане збор повеќе на утрешната промоција.
Само се нагласува дека Чаби Алонсо ќе биде тренер на Реал Мадрид до 2028 година, а функцијата ќе ја преземе на 31 мај.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ