Се чини дека конечно им текна на сите во Арсенал, а посебно на тренерот Микел Артета дека без класична “деветка“ во тимот никогаш, ама баш никогаш нема да дојде до пехарот во ПЛ или ЛШ. Арсенал има супер тим, барем десет екстра играчи за врска и офанзивни играчи, но нема класичен шпиц од типот на Халанд.
Па така ова лето клубот од „Емирејтс“ има намера да потроши големи пари за да доведе адекватно засилување.
Веќе неколку месеци наназад се говори дека тоа е Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон, сепак вчера и денеска на Островот наголемо се говори дека понудени се неверојатни 100 милиони евра до Лајпциг за Бенџамин Шешко. Младиот Словенец кој има само 21 година е одличен избор, но сепак сега на потег се “биковите“ од Лајпциг.
ФОТО: ФЦ Арсенал/ФБ