Изминатиот викенд на 24 и 25 мај се одржа најголемиот и најзначајниот атлетски натпревар во државата, кој донесе спектакуларни настапи, врвна конкуренција и извонредна борба за бодови во сите дисциплини!
Трета година по ред најдобар клуб на ова натпреварување е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е 5 титула во последните 6 години.
Во продолжение, ги претставуваме најуспешните клубови според официјалниото рангирање:
Мажи – Топ 3 клубови:
АК Делта – 894 бода
АК Куманово – 485 бода
АК 7ми Мај – 351 бода
Жени – Топ 3 клубови:
АК Куманово – 536 бода
АК Дрини Старт – 338 бода
АК 7ми Мај – 309 бода
Севкупен пласман:
АК Делта – 1109 бодови
АК Куманово – 1021 бод
АК 7ми Мај – 660 бодови