Младите пинг-понгари со забележителни настапи на БП во Бугарија

158

Десет македонски млади пинг-понгари настапија во поединечна и екипна конкуренција на Балканското првенство во Албена, Бугарија. Станува збор за натпреварувачи на возраст до 11 и до 13 години.

Највпечатлив беше настапот во машка конкуренција, екипно до 11 години, каде што Македонија го освои 6-тото место, но репрезентацијата беше многу блиску до победа над Грција и влез во полуфиналето.

Во поединечна конкуренција ајсилен впечаток оставија Јован Пармачки и Филип Цековски кои беа на чекор до пласман во елиминациската фаза.

Репрезентацијата беше предводена од селекторот Милош Миленковиќ со асистенција на тренерите Зоран Јованоски, Јован Ковачовски и Томе Петков.

На 9-ти јуни започнува светскиот натпревар World Table Tennis Contender Skopje 2025, кој ќе се одржи во с.ц. Јане Сандански и ќе трае до 15 јуни.

ПретходноКлуб од Словенија со понуда до Лука Модриќ!
Следно“Публиката треба да биде нашиот седми играч“