Торино се откажа од Елмас: „Биковите“ сметаат дека 17 милиони евра за „дијамантот“ се премногу

4372

Авторитетниот италијански фудбалски новинар Николо Шира објави дека Торино и официјално се откажува од можноста да го откупи договорот на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас. Како што објави Шира, од Торино одлучиле дека сумата од 17 милиони евра која РБ Лајпциг ја бара за нашиот „дијамант“ е превисока.

Тоа и дефинитивно значи дека Елмас ќе мора да се врати во Бундеслигата во составот на РБ Лајпциг, но дали ќе остана таму на стартот на следната сезона се уште е отворено прашање. Дел од италијанските медиуми денеск апишуваат дека Елмас има реални шанси повторно да се врати во Италија, затоа што за него сега е заинтересирана Фиорентина.

Нашиот репрезентативец постигна 4 гола на 12 меча за Торино оваа полусезона додека беше на позајмица кај „биковите“.

ПретходноМлад возач во Инди 500, ги “покоси“ членовите на својот тим! (ВИДЕО)
СледноФормула 1 од 2028 година ќе се вози и на Тајланд