Денеска на брифинг со новинарите, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ се осврна на актуелни теми поврзани со мак фудбалот. Секако дека претставниците на медиумите најмногу се интересираа за настаните врзани за скандалозниот меч од ВМФЛ во Гевгелија, меѓу Кожув и Башкими:
“Овој меч е одработен според прописите на ФФМ. Казните се според правилникот, а тој веќе е на сила 4-5 години. Овие казни се според изјави и докази. Нема да биде казнет некој што не е докажано дека е виновен. Тренерот и директорот на Кожуф се казнети зошто рекле дека треба да се загуби на тој меч. Зошто Башкими не е казнет?Затоа што никој не го спомнал во изјавите, што значи дека нема да биде. Целиот предмет од МВР и во ОЈО Гевгелија е сработен. Сепак овој случај ни од далеку не е готов“ истакна Омерагиќ и продолжи…
“Има примери дека вакви слуачаеви траеле и со години во други земји. Инаку УЕФА веднаш испрати мејл уште во 8 часот утрината со барање за информаци што се случува и што планира ФФМ да преземе“.