Младата репрезентација на Македонија до 16 години (генерација 2006) го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Турција.
На тренинг центарот во Турција, натпреварот заврши нерешено, без постигнат погодок. Средбата започна со отворена игра на двете страни. Во 11. минута Турција ја пропушти најголемата шанса. Домаќините не успеаа да реализираат удар од белата точка.Во 21. минута, Алтин Алији се најде во одлична можност да ја донесе нашата репрезентација во предност, но голманот на Турција успеа да одбрани.
Во второто полувреме во изедначена игра ,со можности на двете страни, резултатот остана непроменет. За одбележување е шансата на Папазов во последната минута, кога излезе сам пред голманот но неговиот удар заврши покрај стативата.
Селекторпт Неџат Шабани, по мечот изјави:
„Пред се сум задовoлен од прикажаната игра, борбеноста, посветеноста и желбата за добар резултат. Задоволен сум од играчите кои добија можност за настап. Покрај тоа што сме сеуште во припремен период, нашите репрезентативци покажаа одлична физичка форма, но постои и голем простор за напредок во наредните натпревари“.
Вториот контролен натпревар, овие две репрезентации ќе го одиграат на 26 август, со почеток од 17. часот.