Тимур Дибиров го одигра последниот меч во неговата кариера. Легендата на Вардар се збогува од терените како играч на ППД Загреб, кој го победи Нексе со 30-27 и со вкупни 3-0 во финалето од плејофот ја освои шампионската титула во хрватското првенство.
Дибиров се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на сите што го поддржуваа низ годините, секако на прво место е неговото семејство.
„Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра ракомет со своите другари и ништо повеќе од тоа. Благодарност до моето семејство, сопругата, децата, родителите… кои ме поддржуваа, моите клубови, репрезентацијат и соиграчите, тие се најдобри на светот. Ќе ми недостасуваш, ракомету“, напиша Дибиров.
View this post on Instagram