Македонскиот интернационалец и репрезентативец Кире Ристевски својата кариера ќе ја продолжи во тимот на АЕЛ Лимасол.
Тоа е речиси дефинитивно откако Ристевски ја одбра понудата да замине во Кипар, иако имаше уште неколку опции на располагање.
Спортмедиа дознава дека репрезентативниот дефанзивец имаше опција да замине во Турција, но и да остане во Унгарија како од најдобрите екипи во овој шампионат, така и бланко понуда од страна на неговиот досегашен клуб Ујпешт.
Сепак, Ристевски се одлучи за АЕЛ Лимасол амбициозен клуб во кој со успех веќе извесен период настапува екс Македонскиот младински репрезентативец и капитен Давор Здравковски.
Ристевски со ова решава една голема дилема пред претстојното Европско првенство, и сега во мир може најпрво да се одмори, а потоа и да се подготви за секако најголемиот настан во неговата досегашна кариера.