Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен нема намера да разговара за Џорџ Расел за нивниот судир на трката за ГН на Каталуња вчера, поради која доби казна и на крјаот заврши на 10. место во поредокот.
Возачот на Ред Бул изјави дека не обрнува внимание на критиките од Џорџ Расел, кој ги нарече постапките на четирикратниот светски шампион – неприфатливи.
„Добро, следниот пат ќе му донесам неколку марамчиња. Можеби тој има свое мислење, а јас можеби имам мое. И, да бидам искрен, би сакал да се фокусирам на дискусија за трката, која ни одеше добро сè додека безбедносното возило не влезе на патеката“, изјавил Холанѓанецот.
„Што се однесува до инцидентот, имаше погрешно проценување на ситуацијата. Дали ќе разговарам за ова со Расел? Немам што да кажам, таков е животот. Не треба премногу да се каеш, бидејќи се живее само еднаш“, дополнил Верстапен.