Екипата на Металург вчера во некомплетен состав беше поразена од Бутел на домашен терен со 30:32 (11:8) во рамките на подготовките за новата сезона.
Пред стартот на меѓународниот турнир, тимот од Автокоманда остана без браќата Кевин и Оливие Њокас, кои поради коронавирус беа во изолација. Од таборот на клубот соопштија дека двајцата се чувствуваат одлично и веќе денеска ќе му бидат на располагање на стратегот, Иве Марковски.
Француските ракометари потпишаа двегодишен договор со Металург, кој се откажа од настап во Европската лига поради депозитот од 50.000 евра кој ЕХФ го побара како гаранција.