Тимот на Лацио предмалку објави дека ја прекинува соработката со досегашниот тренер, Марко Барони.
Седмото место во изминатата сезона, како и елиминацијата во Лигата на Европа од Бодо Глимт беа пресудни за ваквиот развој на настаните кога станува збор за Барони.
Се очекува до крајот на денешниот ден, или пак во текот на утрешниот, Маурицио Сари да биде вратен за шеф на стручниот штаб. Тој си замина пред околу година и пол од Олимпико.