Великан затропа на вратата, подготвен е да ја исполни секоја желба на Модриќ

3571

Модриќ помина 13 години во Реал Мадрид и имаше желба да ја заврши кариерата таму, и се надеваше на нов едногодишен договор. Сепак, Флорентино Перез одлучи дека е време да го отстапи своето место на помлад играч.

Иако неговиот договор истекува на крајот од овој месец, Модриќ се согласи да игра за Реал Мадрид на претстојното Светско клупско првенство, што доволно покажува за неговата љубов кон кралскиот клуб.

Исто така, многумина се прашуваат каде Модриќ ќе ја продолжи својата кариера, а веќе се поврзува со одредени клубови од Америка и Саудиска Арабија.

Сепак, Модриќ не крие дека сака да игра на големата сцена следната сезона и да остане во Европа, а како што стојат работите, тоа би можело да се оствари.

Фабрицио Романо објави дека еден европски гигант покажал голем интерес за Модриќ, кој е подготвен да направи сè само за да го натера Хрватот да се приклучи на тој тим.

Тоа е Милан и новиот спортски директор на овој клуб, Игли Таре, веќе презеде мерки. „Росонерите“ сонуваат за доаѓањето на Модриќ на „Сан Сиро“ и се подготвени да се согласат со сите негови услови само за да го доведат.

Романо наведува дека Модриќ веќе бил контактиран од неколку клубови од целиот свет, но дека не брза да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Моментално, тој е максимално фокусиран на Реал Мадрид и Светското клупско првенство, по што ќе ја објави својата одлука. Но, не е тајна дека Милан е некако најсериозната опција за Хрватот.

ПретходноСинер без проблем до 1/4 финалето на Ролан Гарос
СледноНовак: Јокиќ е најдобриот кошаркар кој сум го гледал!