Машката кугларска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство (екипно) кое се одржува во Унгарија. Синоќа во последниот меч од групата „Д“ во која беше и нашата селекција, Чешка ја совлада Хрватска и со тоа го потврди првото место со три победи, додека Македонија со две победи во освои второто место пред Хрватска и Франција и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри светски репрезентации.
Во четвртфиналето нашите куглари ќе се сретнат со Австрија, која го освои првото место во групата „Б“. Австријците се еден од фаворитите за медал, откако тоа го потврдија и со резултатите во групата, каде остварија три победи над Данска, Италија и домаќинот на ова СП, селекцијата на Унгарија.
Четвртфиналниот дуел со Австријците ќе го одиграме утре со почеток од 12.30 часот.
Нашата женска коугларска репрезентација не успеа да ја мине групата. Нашите девојки остварија реми со Естонија и загубија од фаворитите Хрватска и Словенија.