Кугларите поразени од Австрија во четвртфиналето на СП

172

Македонската кугларска репрезентација е поразена во четвртфиналето на Светското екипно првенство во Унгарија. Денеска нашите куглари во дуелот со бранителот на титулата Австрија загубија со 7:1 и не успеаја да направат сензација со пласман во борбите за медал.

Австрија покажа нова доминантна партија во која само Урош Штоклас успеа да освои еден поен за нас. Во составот на нашата селекција денеска беа Трпковски, Донковски, Андоновски, Бенедик, Димитровски и Штоклас.

Покрај Австрија во полуфиналето пласман обезбеди и Србија која со 6:2 беше подобра од Словачка.

ПретходноМиленковски ги одреди патниците за првиот турнир од Златната лига на ЦЕВ
СледноКоко Гоф против Сабаленка во женското финале на Ролан Гарос