Вечерва Македонија ја дочекува Белгија во Скопје, во меч од 3.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026.
Кога сме кај некои статистички показатели, да напоменеме дека ова ќе биде вкупно 293-ти натпревар за Македонија во нејзината историја. Засега имаме 93 победи, 73 ремија и 126 порази со гол разлика 354:391.
Секако дека ја посакуваме 94 победа, уф колку ќе биде тоа убаво.
Што се однесува до играчите, ова за Столе Димитриевски ќе биде 79-ти меч на кој тој ќе ја “брани“ Македонија.
Алекс Трајковски е во очекување на својот 94 меч, досега има 22 голови.
Езѓан Алиоски досега има 83 настапи, Енис Барди 72, Елиф Елмас 67, Висар Муслиу 66 натпревари.
Кога сме кај Белгијците, од сегашниот играчки кадар, таму е рекордер Ромелу Лукаку со 122 настапи и 88 голови, додека Кевин Де Брујне има 109 натпревари за својата селекција и 30 голови.










