Гасперини и официјално е нов тренер на Рома

113

Искусниот Џанпиеро Гасперини и официјално е нов тренер на екипата на Рома. Тој потпиша договор до 2028 година, и го заменува уште поискусниот Клаудио Раниери за кого се знаеше дека си заминува по крајот на сезоната.
Раниери и пристигна на Олимпико само за да го спаси тимот од лошите резултати, и да ја сврти ситуацијата во позитивна, што и го направи, а Рома заврши во фантастичен стил со десетици мечеви во серија без пораз.

Од друга страна пак, Гасперини пак имаше фантастичен престој во тимот на Аталанта, каде што оствари сериозни резултати, создаде многу играчи кои вредат десетици милиони, а ова секако дека е круна на неговата кариера.

 

ПретходноМусети се предаде, Алкараз оди во финалето на Ролан Гарос
СледноДоку вреди колку сите наши репрезентативци, но за Македонија никогаш не играле бројките