Штотуку заврши првото од двете денешни полуфиналиња во машка конкуренција на тековниот Гренд Слем во Париз, популарниот Ролан Гарос.
Иако се надеваше на сензација, сепак, италијанецот Лоренцо Мусети мораше да го предаде мечот против Карлос Алкараз поради повреда.
Мечот застана на 2:1 за Алкараз и 2:0 во четвртиот сет, кога Мусати едноставно кажа доста е.
А се тргна супер за него, откако го доби првиот сет со 6:4. Осмиот носител се понадева на финале, но потоа следуваше пресврт на Алкараз и два добиени сета 7:6, и 6:0, по што се виде дека нешто не е во ред со италијанецот.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.
Фото ROlAn GAROS










