Капитенот со специјални патики на Еуроволеј

158

Одбојкарската репрезентација нa Maкедонија се подготвува за настапот на Европското првенство (ЕП) кое се игра во септември, а најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓорѓиев ќе игра со специјално дизајнирани патики за настанот.

Капитенот на одбојкарската репрезентација доби специјално дизајнирани патики на кои стои македонското знаме, а на нив воедно ги има и имињата на неговите две ќерки, Марија и Викторија, кои ќе му бидат мотивација.

Да потсетиме дека Македонија на ЕП е во групата со Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија.

ПретходноБорјан Стојановски од МЗТ се пресели во Феникс
СледноПретседателската награда на УЕФА за докторите кои му го спасија животот на Ериксен