Пикси до новинарите: Најдете си нов селектор!

6392

Албанија и Србија одиграа 0:0 во Тирана. Најризичниот натпревар од квалификациите за СП заврши без голови. Албанците можат да жалат за таков исход бидејќи не успеаја да постигнат гол од пенал на крајот од првото полувреме кога Петровиќ го одбрани обидот на Манај. Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси ги изрази своите впечатоци по натпреварот.

„Не знам што да ви кажам. Дојдовме тука со цел да победиме. Играчите покажаа професионален пристап. Атмосферата беше фантастична, но тешко е да се игра на овој стадион. Со оглед на натпреварот, можеби нерешениот резултат е најреалниот. Овој бод е сепак посладок за нас отколку за нив“, рече Стојковиќ.

После тоа, еден од новинарите изјави дека играта на Србија не била добра.

„Не ви се допадна натпреварот? Не ви се допадна? Најдете друг тренер!“, рече селекторот на Србија како одговор. Подоцна се осврна на претстојниот натпревар со Андора.

„Сите се под ист режим. Мора да ја анализираме ситуацијата. Мора да го добиеме тој натпревар. Не ме интересира дали некој е уморен или не. Ќе биде тешко, секако, но имаме доволно квалитет за да освоиме три бода“, заклучи Стојковиќ.

ПретходноОхрид со победа над Тиквеш го потврди четвртото место
СледноМакедонија доцна синоќа пристигна во Казахстан… нашиот Мундијалски пат оди преку Астана (ВИДЕО)