Вардар потпиша тригодишни професионални договори со Мурџески и Марковски

1285

Раководството на нашиот најтрофеен клуб, полека, но сигурно го екипира тимот за наредната сезона. Најново е тоа што Вардар потпиша тригодишни договори со младите фудбалери Андреј Мурџески и Иво Марковски. Како што велат од Вардар, и двајцата остануваат во клубот поради нивната професионалност и добра завршената работа од нивна страна во изминатата сезона.

Раните почетоци на Мурџески се во ФК Караорман од Струга како и во Македонија ЃП, од каде што доаѓа во Вардар, додека Марковски потекнува од школата на нашиот најтрофеен клуб.

Се вели исто така дека допрва од овие двајца големи таленти се очекува добри настапи во „црвено – црниот“ дрес.

ПретходноСедница на У.О. на ФФМ: Васко Дојчиновски нов претседател на Комисијата за натпревари!
СледноУЕФА одбра: Мајсторијата на Алиоски во трка за гол на колото!