Миљана Ристиќ Стојчевска со фантастична трка и нов национален рекорд на 3000 м стиплчез! (ФОТО)

292

Фантастична трка, победа и нов национален рекорд на Миљана Ристиќ Стојчевска од АК Делта вчера на Државното поединечно првенство во атлетика во Скопје на трката на 3000 м стиплчез.

На Арената во Скопје, вчера се одржа Државното поединечно првенство во атлетика, на кое Миљана Ристиќ Стојчевска имаше фантастична трка и постави нов македонски рекорд во оваа дисциплина со време 11:49, 90.

No description available.

Со овој сензационален резултат таа го собори претходниот државен рекорд. Овој реултат и овој рекорд, секако и оваа победа е вистинска потврда за нејзината истрајност, тренинзи и сите напори кои ги вложува да дојде до вакви успеси.

Покрај титулата на ова првенство, вчерашната победа имаше и дополнително значење – изборен настап на Европското првенство во 3 лига.

Со постигнатото време, таа обезбеди учество на Европското првенство кое ќе се одржи на 24-25 мај во Марибор (Словенија), каде што ќе се натпреварува на 3000 м стиплчез.

ПретходноИГРАЧ ОД ВЕВЧАНИ ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕН Е ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT НА ВИДЕОЛОТАРИЈА
СледноЃоковиќ со порака за мечот во Тирана: Почитта и фер-плејот се секогаш возможни!